Нашиот тим – срцето на Диоптра

Во Диоптра, луѓето се нашиот најголем капитал. Особено горди сме што дел од нашиот тим е со нас повеќе од 25 години – сведоштво за стабилноста, довербата и професионалниот развој што ги негуваме. Нивната посветеност, експертиза и љубов кон својата работа се клучот за врвната услуга што ја нудиме на нашите клиенти.


Веруваме дека успехот доаѓа со тимска работа, континуирано учење и можности за напредок. Доколку сакате да бидете дел од успешна приказна во оптичката индустрија, испратете ни го вашето CV на info@dioptra.mk и приклучете се кон нашиот професионален и посветен тим.

Нашиот тим на прослава на 25 години Диоптра

  • "Во овие изминати 2 децении, можам да заклучам дека Диоптра Оптикс не е само работно место – туку средина каде што се почитува и вложува во развој и учење. Најголема мотивација ми е задоволството на клиентите, особено кога ќе им помогнам да го најдат идеалниот модел на очила."

  • "Веќе 18 години сум дел од тимот на Диоптра Оптикс, каде што секојдневната работа со клиенти ми донесе богато искуство. особено ми значи тоа што тука се вреднува секој вложен труд и посветеност."

  • "Во овие 8 години во Диоптра Оптикс стекнав огромно искуство во работа со клиенти, но и чувство на припадност. Тука се вреднува секој искрен ангажман и секојдневна посветеност, кои се и моја мотивација за постојан раст и учење."

  • Диоптра Оптикс е дел од мојот живот веќе 25 години. Заедно поминавме раст, предизвици и успеси, но најважно од сè – изградивме семејство каде што лојалноста, грижата и љубовта кон работата се темел на сè што правиме.  

  • Веќе 9 години како оптометрист во Диоптра Оптикс секој преглед за мене е посебна приказна. Среќата на клиентите кога ќе им помогнам да гледаат појасно е најголемата награда за мојата посветеност и љубов кон професијата.

  • Веќе 13 години сум дел од семејството на Диоптра Оптикс и секој ден ја носам истата страст како на почетокот. Чувството кога ќе им помогнам на клиентите да го пронајдат совршениот пар очила и да заминат со насмевка е нешто што ме исполнува и мотивира да бидам сè подобра.

1 6