
Марија Костуранова
Сопственик и магистар оптометрист
Диоптра е приказна за успех која ја започнав во 1993 година, во време на војна, ембарга и неизвесност. Иако имав планови за заминување во странство, одлучив да останам и да создадам нешто свое. Со многу љубов, посветеност и визија, успеав Диоптра да ја изградиме во водечки бренд во оптичката индустрија, не само во Македонија, туку и во регионот.
Од првиот салон, секоја нова локација носеше нова приказна и предизвик. Вложувавме во најсовремена опрема, врвен кадар и ги следевме светските трендови. Денес, со пет салони, меѓу кои и Dioptra Couture Marriott - една од најубавите оптики во светот, можам со гордост да кажам дека поставивме нови стандарди на пазарот.
Во Диоптра отсекогаш сме се стремеле да понудиме највисок квалитет и индивидуализиран пристап. Единствени сме во Македонија каде што користиме најсовремена технологија за анализа на видното однесување и мерење на диспаритетот на очите. Со оваа технологија можеме прецизно да утврдиме како Вашите очи функционираат заедно, како ги поместувате при гледањето и на која далечина најчесто читате. Сето ова ни овозможува да создадеме персонализирани оптички леќи кои обезбедуваат најголемо видно поле и максимален комфор при носење.
Мојата цел отсекогаш била да донесам иновации – од првите персонализирани очила и индивидуални оптички леќи до врвната опрема за дијагностика. Верувам дека успехот доаѓа со постојано учење, професионалност и силен тим. Одлучноста да бидеме први, без разлика на околностите, нè направи препознатливи по квалитет, иновации и врвна услуга.

Марија Костуранова, сопственик на Диоптра, добитник на признанието "Жена менаџер на годината 2024"

Нашиот пријател актерот Игор Џамбазов на прославата на 30 години Диоптра

Дел од атмосферата на прославата 30 години Диоптра

Нашата верна пријателка пејачката Тамара Тодевска на прославата на 30 години Диоптра

Нашиот пријател пејачот Огнен Здравковски на прославата на 30 години Диоптра