Мисија и Визија
Dioptra Optics – Традиција, иновација и совршенство во оптиката Со повеќе од 30 години искуство, Dioptra Optics е водечки бренд во Македонија кој поставува стандарди во оптичката индустрија. Ние не сме само продавници за очила – ние сме центар на експертиза, каде што врвната технологија се спојува со модата и прецизноста.
Нашата приказна започна во 1993 година, а денес, со пет продажни салони, од кои Dioptra Couture се издвојува како flagship ексклузивна и модерно дизајнирана оптика – нудиме широк избор на очила од светски реномирани брендови, како и наш сопствен бренд Dioptra Eyewear, произведен во Италија со врвен квалитет и уникатен дизајн.
Посветени сме на рижата за вашиот вид – нудиме најсовремени оптометриски прегледи, како и ексклузивно, само во нашите оптики имаме персонализирани стакла кои со помош на AI технологија го мерат вашето видно однесување, за да добиете максимална удобност и јасност на видот.
Визија: Dioptra Optics – водечки ланец на оптики во Македонија, со традиција која трае од 1993 година. Нудиме ексклузивен избор на очила од светски реномирани брендови, како и наш сопствен бренд, изработен со италијанска прецизност и беспрекорен дизајн.
Мисија: Нашата мисија е јасна – да го подобриме вашиот вид со највисок квалитет, иновации и персонализиран стил што остава впечаток.
Нашите клучни бренд вредности се:
✓ Традиција и доверба – над 30 години искуство и задоволни клиенти.
✓ Квалитет и иновација – Најдобри леќи и очила, вклучувајќи ја и сопствената колекција
Dioptra Eyewear, произведена во Италија.
✓ Мода и персонализација – Очилата како моден додаток, адаптирани на стилот на
клиентите.
✓ Грижа за видот – Професионална дијагностика и консултации.
Диоптра Couture Marriott
Диоптра Couture Marriott
Ентериер
Диоптра тц лептокарија
Отворање
Диоптра Couture Marriott
Ентериер со диоптриски очила
Диоптра Couture Marriott
Оддел за оптометриски прегледи со најсовремена опрема
Дел од атмосферата на прославата 25 години Диоптра