Промовирана новата колекција на Dioptra Eyewear – 100% Made in Italy

Промовирана новата колекција на Dioptra Eyewear – 100% Made in Italy

На 29 Април, во вистински италијански дух, ја промовиравме нашата најнова  колекција – Dioptra Eyewear, дизајнирана и изработена 100% во Италија,  инспирирана од желбите на своите клиенти и создадена со највисоки
стандарди на квалитет и изработка.

Секој модел е мајсторски изработен од целулозен ацетат, добиен преку прецизен процес на трансформација на природен памук – материјал кој ја задржува својата природна суштина, нудејќи еластичност, издржливост и мекост кон кожата. Благодарение на уникатната способност за обликување во бескрајни форми и бои, ацетатните рамки се симбол на автентичност и стил. „Колекцијата е внимателно создадена за да одговори на различни вкусови и стилови. Таа нуди сѐ – од минималистички, лесни и дискретни модели изработени од медицински челик, до смели, колоритни и винтиџ инспирирани рамки.Без разлика на преференциите, секој ќе може да се пронајде и да го најде совршениот модел што ќе ја изрази неговата индивидуалност. Отсекогаш ги следиме желбите на клиентите, а оваа колекција е токму резултат на долгоочекувано барање, што за нас претставува огромно задоволство и потврда за нашиот успех. Ова е веќе третата колекција на Dioptra – претходните две беа лансирани по повод 25-годишнината и 30-годишнината од нашето постоење. Овој пат, по барање на клиентите, одлучивме колекцијата да стане постојан дел од портфолиото на Dioptra. Со особена гордост ги прифаќаме комплиментите од нашите клиенти и партнери, кои препознаваат дека сме пионери во оптометриската индустрија во земјата, нешто што за нас е најголемо признание за повеќе од три децении посветена работа“- рече м-р Марија Костуранова, сопственичката на Diоptra Optics и Dioptra Couture.

Особено внимание привлече новитетот во колекцијата – бројни модели со клип-он решенија, кои носат функционалност, практичност и додадена вредност за динамичниот животен стил на современиот корисник. Настанот се одвиваше во автентичен италијански амбиент, збогатен со звуците на италијански канцони, вкусот на лимончело, жолто-сини детали и текстури кои ја пренесоа медитеранската атмосфера. Специјални гости на настанот беа претставници од Италијанската амбасада и директорот на Italian Trade Agency (ITA), чие присуство ја потврди меѓународната вредност и ја изразија својата поддршка за уникатниот концепт и визија на Dioptra Optics.

Колекцијата веќе е достапна во сите оптики на Dioptra и е понудена по
промотивен попуст од 50%.
Со оваа колекција, Dioptra уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон
современа визија, втемелена врз традиција, иновација и искрена грижа за клиентите. Со над 30 години искуство, тимот од Dioptra останува доследен на
вредностите на доверба, одговорност и естетика – создавајќи производи што ја
истакнуваат индивидуалноста на секој поединец, со стил, прецизност и љубов.